home-parallax3

Зошто изборот секогаш е “МИН-ЕКС”?

Како успешен бренд Д.О.О.Е.Л. “МИН-ЕКС” постои на нашиот пазар од 1995 година. Основна дејност на нашата компанија е промет на производи во големопродажба и промет на производи во малопродажба.

Во делот на големопродажбата работиме со увоз на производи од програмите на “YUMIS“, Ниш, Србија – компанија која се занимава со производство на супи, зачини, пудинзи, чаеви, шлагови и друго.

Во делот на малопродажбата, Д.О.О.Е.Л. “МИН-ЕКС” има 12 маркети кои се доста активни и покриваат добар простор на локално ниво во делот на малопродажните услуги.

Наша цел е да ја задржиме професионалната соработка со нашите партнери. Императив на фирмата е заштита на интересите на нашите купувачи, деловни партнери и вработени. Важен елемент за развојот на фирмата е прилагодувањето на пазарните трендови, потребите на пазарот и имплементацијата на потребните стандарди.

Можноста за избор од широкиот асотриман на производи го прави МИН-ЕКС еден од најдобрите ланци за малопродажба во Кавадарци. Секој маркет претставува своја организациона единица која ги пружи најдобрите услуги според условите за работа правејќи потрошувачите секојдневно да се потпираат кон врвниот квалитет за кој во минатото се добиени бројни препораки.

Интензитетот на работа го потврдуваат и нашите соработници и истите гледаат на МИН-ЕКС како шанса да се пробијат на пазарот нудејќи ги своите производи по ниски цени градејќи цврсто партнерство со нас и со нашите потрошувачи со што постојано се гради меѓусебната доверба.

Новитетите во МИН-ЕКС претставуваат секојдневна алка по која се водат нашите потрошувачи и партнери, со организирање на постојани акции, наградни игри и ниски ценовни политики базирани на економија на обем градиме сигурност и економичност кај нашите потрошувачи.

Енергичноста на секторот за човечки ресурси како во оделот за малопродажба така и за големопродажба помага во реализацијата на афинитетите и плановите на МИН-ЕКС но и на лојалните партнери и потрошувачи. Способноста навреме да се исполнуваат рабоните обврски во поглед на испорака било на услуга или производ е клуч за постојан успех.

Квалитетот на услугите во МИН-ЕКС е изграден врз дваесетгодишното искуство со трговија и услуги правејќи не еден од водечките во нашиот регион. Со сопствена дистрибутивна мрежа која е поделена низ сите реони во Македонија МИН-ЕКС ги доставува своите брендови ширум потрошувачите во земјава.

Синхронизираните акции кои ги спроведува МИН-ЕКС во регионот на неговото дејствување доведува до повремени ефекти на филантропија правејќи не општествено одговорни и прифатени од страна на нашите потрошувачи со што се оделуваат средства за помош како во Македонија така и во соседните земји.

Име

Е-Маил

Наслов

Порака