Увозни програми од нашите партнери

logo_yumis-300x165

“ЈУМИС” – Ниш, Република Србија

ЈУМИС  ДОО од Ниш е основана во 1991 година како приватна компанија. Основна дејност е производство на супи, зачини, пудинзи, кремови, чај, кикирики, адитиви за печење и многу други производи. Во последните 20 години ја разви својата продажна мрежа и благодарение на постигнатите резултати и значајната експанзија на бизнисот, денес, многу групи производи на Jumis се значителен дел од капацитетот на српскиот пазар. На пример, Jумис супите сочинуваат повеќе од една третина од вкупната побарувачка на територијата на Србија. Слични резултати се постигнуваат и кај чајот и пудинзите.

logo_benlian

“КОЗМЕТИК ПЛУС” – Ниш, Република Србија

Компанијата „Козметик Плус“ ДОО чија основна цел е трговија, е основана во 2001 година. Оваа компанија е призната по нејзиниот широк спектар на производи: ориз, грав, леќа, маслинки, печурки и широк спектар на слатки производи. Пратејќи ги светските трендови во прехрамбената индустрија и новите побарувања на пазарот, како одговорна компанија која води грижа за здравиот начин на живот на своите потрошувачи, во 2010 година Козметик Плус  својот капитал го вложува во развој на производство на здрава храна.

logo_nelly

“НЕЛИ ДОО” – Лозница, Република Србија

Фабриката за кондиторски производи “НЕЛИ ДОО” е основана во Лозница 01.09.2007 година и нејзиното финансирање е направено од сопствени ресурси. Официјално со производство е започната на 01.09.2007. Сопственикот на компанијата е млад и перспективен човек кој се грижи за стручноста, професионализмот и тековните трендови на нашиот пазар, првенствено на квалитетот на производите. Фабриката веќе има изградено успешен тим чија работа покажа забележителни резултати во многу кратко време.

logo_zitoprepada

“ЖИТО ПРЕРАДА” ДМ ДОО – Нови Бечеј, Република Србија

ЖИТО ПРЕРАДА е фабрика за кондиторски производи основана во 2010 година во Нови Бечеј која работи под брендот “Благо Бисерног Острва”, детски сон за изгубеното богатство кое треба да се пронајде и претвори во јаве. Иако постоиме само пет години, во нашите производи е завиткано триесет годишно искуство и знаење со кое многу брзо ја придобивме вашата доверба а притоа не направивте многу горди.

logo_si

“СИ КОМЕРЦИАЛ 7 ДООЕЛ – Самоков, Република Бугарија

“Си Комерсиал 7 ДООЕЛ” е основана во 1991 година во Самоков, Бугарија. Од тогаш компанијата се докажа како водечка при увозот, дистрибуцијата, маркетингот, логистиката и производството на брзо-движечки стоки. Фирмата располага со висококвалификуван трговски тим кој со годините се изградил и успешно одржува ефикасна дистрибутивна мрежа низ целата земја. “Си Комерсиал 7 ДООЕЛ” увезува и наметнува на бугарскиот производите на водечките трговски компании, како што се: “Dr.Gerard”, “Mieszko”, “Vobro”, “Кујна без граници”, “Master Chocolatier”.

logo_diavena-300x165

“ДИАВЕНА”, Република Бугарија

ДИАВЕНА е првата приватна компанија во Бугарија за производство на конзервирана риба. Три децении овој бренд постои и работи посветено на потребите на своите потрошувачи. Повеќе од десет години се лидери на домашниот пазар за конзервирана риба. Во 2008 година е отворен уште еден погон за производство на месо и конзервиран зеленчук.

logo_asgroup

“ASGROUP” – Тешањ, Босна и Херцеговина

“ASGROUP”е една од најголемите компании во БИХ во која каде мнозинството е приватен капитал. “ASGROUP” поседува и се развива во три насоки: храна, трговија и текстил. Седиштето е во Тешањ, општината во која има дури 13 приватни компании меѓу 100-те најголеми во Босна и Херцеговина. Веќе неколку години по ред “ASGROUP” го зазема највисоко место во генералниот пласман на најголемите компании во БиХ.